Герасимовски: Досега се пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23

3 mins read

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ги посетија домовите на двајца корисници на проектот „Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ преку кој повозрасните жители на Центар добиваат нега во своите домови.

„Со овој проект помагаме на 90 граѓани од Општина Центар да добијат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Корисниците добиваат медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели и социјални работници, 3 пати по 2 часа во неделата во нивните домови. Со јавниот повик кој е во тек 67 наши сограѓани имаат поднесено барање за користење на услугите, но има простор да се пријават уште, сѐ додека бројката не ја стигне границата од 90 жители“, изјави Герасимовски.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска порача дека грижата за граѓаните, со посебен акцент на ранливите категории на граѓани е врвен приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

„Нашите највозрасни сограѓани, се едни од најранливите во општеството, на кои помошта и поддршката им е и повеќе од неопходна. Како Министерство ја поздравуваме секоја иницијатива која има за цел да даде помош и поддршка и на било каков начин обезбеди подобрување на квалитетот на живот на старите и изнемоштени лица и лица кои не можат самостојно да се грижат за себе“, изјави Тренчевска

Јавниот повик за проектот е отворен за уште 23 корисници по што Герасимовски ги повика граѓаните кои имаат потреба од нега во домашни услови да поднесат барања потенцирајќи дека услугите во рамки на проектот се најдрагоцени за највозрасните жители во општината.

Проектот оваа година започна од 12.05.2022 година, од кога се примаат барања за доделување субвенција, а ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на општината. Сите детали како услови, начин и потребна документација за аплицирање, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк објавен на веб страната на Општина Центар, https://bit.ly/3PR5Thi или да се јават на телефонскиот број 076 313 383.

Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ Општина Центар ги реализира шеста година по ред и има највисоки оценки од корисниците, информираа од локалната сампуправа на Центар. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Грција и Саудиска Арабија ќе ги поврзат Европа и Азија со кабелски систем за пренос на податоци

Следно

ВИДЕО: Македонските фудбалери отпатуваа за Разград, одиме на победа против Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian