Дилан, синот на актерскиот пар Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас дипломираше на Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд.
„Честитки за дипломирањето на моето момче, мојата гордост, мојата радост, Дилан“, напиша Кетрин во објана на „Инстаграм“ за нејзиниот 21-годишен син во неделата. „Необјасниво сум горда на тебе и те сакам без зборови“.
Даглас, од другата страна, се нарече себеси „горд татко“ во своја објава на „Инстаграм“.
„Честитки Дилан! Браво!“, напиша 77-годишниот актер.
Двојката, која ја дели 19-годишната ќерка Керис, го документираа своето емотивно збогување кога Даглас се пресели во студентскиот дом на Универзитетот Браун во септември 2018 година.
„Нека навистина започнат предавањата! Те сакаме Дилан“, напиша тогаш 52-годишната Зета Џонс.„Среќно во следното возбудливо и просветлувачко поглавје од твојот живот“.
Кетрин и Мајкл се посветени родители и сите големи семејни настани ги обележуваат и споделуваат со честитки на нивните инстаграм-профили.

Покрај Дилан, успесите на Керис се исто така обележани со емотивни објави.
„Керис, честитки за тебе и целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди на тебе. Те сакаме многу и сме возбудени за твојата иднина затоа што најдоброто допрва доаѓа. Тато“, напиша Мајкл покрај фотографија на дипломирање на ќерката.