Пречестото одење во солариум може да направи сериозна штета на кожата. Многу доктори нагласуваат дека употребата на солариум доведува и до зголемен ризик за појава на меланом… Во многу земји употребата на солариум е забранета. Дали ја поддржувате оваа одлука?
Патриша Кренткли (55) била зависничка од вештачкото сончање – солариумот. Таа деноноќно одела по салоните со цел нејзиниот тен да биде темен, па буквално ја запалила својата кожа.
Во 2012 година предизвикала огромен хаос, кога својата петгодишна ќерка ја однела во солариум со намера и таа да потемни. Набрзо сè било пријавено во полиција, а Патриша тогаш била обвинета за загрозување на здравјето на детето. Во целата приказна се вклучила и полицијата, иако судот на крај не ја осудил.
Тогаш сите таблоиди ширум светот ја пренеле оваа вест, нарекувајќи ја „тен мама“, а Патриша во интервјуто за „Њујорк пост“ откри дека сега целосно го променила својот живот. Таа планира да го продаде својот солариум, но може да се каже дека штетата на кожата веќе е нанесена, што можете да го видите и по нејзините фотографии на Инстаграм.
Таа изјави дека купила солариум бидејќи никако не можела да добие боја, а по скандалозното судење, за малку не и била одземена и нејзината ќерка. Тогаш и бил забранет и солариумот иако никој не можел да ја спречи таа да користи солариум во домот.
„Не правам повеќе луди работи како претходно, а сончањето го намалив со две сончања неделно“, изјави Патриша.