ФОТО: Ѓорѓиев на 3 јуни ќе се бори за Европската професионална титула

1 min read

Во петок на 3 јуни градот Зворник (Босна и Херцеговина) ќе биде домаќинот на кик-бокс спектаклот во кој силите ќе ги одмерат Димитар Ѓорѓиев од Македонија и Босанецот Никола Дробњак.

Ѓорѓиев и Дробњаќ ќе се борат во рингот за ВАКО професионалната титула шампион на Европа.

Ѓорѓиев е актуелен аматерски шампион на Европа и светот, а од претходно во својата кариера има златни медали од светски шампионати.

Оваа борба се очекува да биде најинтересна и истата треба да започне од 20.00 часот во спортската сала во Зворник.

Покрај оваа борба, публиката ќе има можност да види уште седум професионални борби во различни тежински категории на реномирани борци од регионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генчовска: Сметаме на придонесот на Азербејџан кон безбедноста на испораките на природен гас

Следно

ФОТО | Кејт Мос долго време живее на село, а нејзиниот дом е бајка: Модната икона својот стил го пренела и во ентериерот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian