ФОТО | Кејт Мос долго време живее на село, а нејзиниот дом е бајка: Модната икона својот стил го пренела и во ентериерот

1 min read

Супермоделот на 90-тите, Кејт Мос преку својата долгогодишна кариера живеела во многу светски метрополи, но последните години својот мир таа го пронајде во селската идила на само два часа возење од Лондон. Таа ја средила старата камена куќа во Котсволдс, а нејзиниот несекојдневен ентериер навистина е за секоја пофалба.

Кејт Мос пред неколку денови сведочеше пред судот за случајот во кој се вклучени Џони Деп и Амбер Херд од својот дом во околината на Лондон.

Поранешната манекенка таму живее веќе неколку години, а нејзиниот дом е раскошен и уреден во стил. Камената вила во Котсволдс е вистинска селска убавица.

Освен камениот екстериер, дрвените прозори со окна и добро осмисленото хортикултурно уредување, Кејт Мос мислела и на детали во внатрешноста.

Собата со црвени ѕидови, раскошната бања во која сместила дури и софа, бројните портрети, златни и бакарни детали, се само некои од деталите кои не воодушевија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Ѓорѓиев на 3 јуни ќе се бори за Европската професионална титула

Следно

ОН: Во Украина убиени повеќе од 4.000 цивили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian