Лесли Максвел од Мелбурн во Австралија е позната по својата неверојатна фигура на 64 години и се уште привлекува внимание кај широката популација. Често ја заменуваат со нејзината внука која е во 20-тите години, а особено ги воодушеви луѓето со својата последна објава на Инстаграм.
Лесли е опседната со теретаната и вежба пет пати неделно за да ги одржи своите мускули во топ форма. Често со јавноста ги споделува своите вежби, но го покажува и своето обликувано тело. Во една од своите најнови објави на Инстаграм, Лесли на следбениците им соопшти дека никогаш нема да се чувствува престаро за да носи бикини.
Една личност и напишала… „Ти си неверојатно прекрасна убавица која не старее! Совршенство во секој поглед!“.
Некој друг додал… „Здрава си, секси, изгледаш неверојатно па сигурно дека можеш да носиш бикини. Ти си огромна инспирација“.
Таа претходно ги откри деталите од својот фитнес режим и изјави дека обожавателите можат да и испратат порака ако им требаат совети.
„Здравјето и кондицијата не се само изглед. Тоа е чувство… И нема подобро чувство од тоа да имате здраво, силно тело. Работата е во тоа што никој друг всушност не може да ја направи оваа работа наместо вас. Дури и доколку им платите да работат за вас, секогаш ќе морате сами да го направите тоа.“