Евтино, сласно, а готово за миг: Највкусно јадење со млади компирчиња

1 min read

Ако ви недостасува идеја за лесен ручек набрзина, совршено зачинети компирчиња во сланина се вистински избор.

Младиот компир конечно пристигна на пазарите, па секој ручек ќе ви биде уште повкусен.

Постојат многу рецепти за сластен ручек чија главна ѕвезда е сочниот, млад компир кој не се лупи, а доколку го изролате во сланина и му додадете вистински спој на зачини – загарантиран ви е неверојатен оброк.

Состојки:

– околу 700 грама млади компири
– една лажица ким
– една лажица магдонос
– 200 грама тенко сечена сланина
– сол по желба

Подготовка:

Излупете ги и добро измијте ги компирчињата, а доколку се покрупни, исечете ги на половина или на четвртина.

Посипете ги компирите со ким и варете ги во солена вода околу 25 минути, потоа исцедете ги и оставете ги да се изладат и исушат.

Кога ќе испари целата вода, изролајте ги компирчињата во сланината, прицврстете ги со чепкалка за заби, посипете со магдонос и пржете ги на путер.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Македонските фудбалери отпатуваа за Разград, одиме на победа против Бугарија

Следно

Tурција сака официјално да го промени името

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian