Европски суд за човекови права: Турција незаконски го приведе шефот на Амнести интернешенел

1 min read

Турција незаконски го приведе шефот на турскиот огранок на Амнести интернешнал на 14 месеци, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права.

Судот и наложи на Турција да плати отштета од 24 500 евра и судски трошоци 10 000 евра.

Танер Килиќ беше приведен по неговото апсење во јуни 2017 година под сомнение дека припаѓал на група која Анкара ја обвинува за организирање на обидот за државен удар во 2016 година.

Сепак, Европскиот суд одлучи дека не постојат оправдани причини за сомневање кои би го оправдале неговиот притвор, кој според нив е „незаконски и произволен“.

Во одлуката се наведува и дека втората тужба против него за тероризам е поврзана со неговиот активизам и залагање за човекови права и дека со тоа му била ускратена слободата на изразување.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Настов: Работиме на изготвување на нов проект за санација и реконструкција на разрушениот потпорен ѕид во Пинтија

Следно

Ѓоковиќ и Надал вечерва играат за историја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian