ДУИ ги кани Зиадин Села и Билал Касами на прославата за 20 годишнината на партијата

1 min read

Демократската Унија за Интеграција ги покани претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села и претседателот на Беса, а воедно и градоначалник на Тетово, Билал Касами на прославата за 20-годишнината на партијата, пишува ТетоваСот.

На прославата на ДУИ во Тетово, која ќе ги одбележи заедничките достигнувања во последните две децении, ќе присуствуваат многу Албански шоубиз ѕвезди.

Меѓу нив ќе бидат Кида, Тајна, Нора Истрефи, Гето, Луми Б и 54ММ.

Прослава ќе се одржи во Скопје на плоштадот „Скендербег“ на 3 јуни и во Тетово на плоштадот „Илирија“ на 4 јуни.

Претходно

Томас-Гринфилд: САД на Украина ќе и испратат само одбранбено оружје

Следно

Фатмир Лимани посилен од Аријанит Хоџа во Беса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian