Дали Симпсонови ги предвидоа и мајмунските сипаници?

1 min read

На социјалната мрежа Твитер се појави снимка од култната серија Симпсонови, а епизодата од 1998 година наводно говори за мајмунските сипаници кои се актуелни денес.

Иако Симпсонови досега „предвидоа“ многу работи – Од доаѓањето на Трамп на власт во САД, настапот на Лејди Гага на Супербоулот, но и короноавирусот и војната во Укриана, се испостави дека фотографиите и видео снимката се лажни – односно дека две различни епизоди се монтирани во една.

Во дваесет и првата епизода од деветата сезона на серијата, која е емитувана во 1998 година, Хомер зема мајмунче кое му станува домашен миленик и главен помагач во домашните работи. Веднаш покрај фотографијата од таа епизода, стои и друга слика од седумнаесеттата сезона на серијата, емитувана во 2005 година, во која Хомер има мали сипаници.

Сликите немаат врска една со друга – односно, мајмунчето нема врска со сипаниците.

Симпсонови во минатото емитуваа низа епизоди кои случајно имаа измислени моменти кои подоцна се покажаа како вистинити.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометарите и ракометарките ги дознаа противниците на Медитеранските игри

Следно

Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, вели Пендаровски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian