Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, вели Пендаровски

1 min read

Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на вториот ден од Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ) што се одржува во Скопје, под покровителство на Министерството за финансии.

Како што нагласи Пендаровски, нашиот одговор треба да соодветствува со домашните специфики. Ако сакаме одржлив напредок, прв приоритет е, подвлече претседателот, да го преобмислиме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција не е само да опстанеме, туку и да напредуваме. Можеби краткорочно, според него, некои од овие политики ќе бидат болни, но долгорочно тие се неопходни и корисни.

Осврнувајќи се на актуелната ситуација во светски рами и на предизвиците во изминатите две децении, Пендаровски потенцира дека поради брзите промени, многу извшетаи и стратегии застаруваат пред да бидат објавени.

-Затоа, најдобро е да изградиме модел на економски раст што ќе биде отпорен на кризи. Клучно е прашањето дали ќе има смирување и нормализација на ситуацијата или ќе треба да научиме да функиционираме во неизвесност. Економските, еколошките социјалните и безбедносните кризи во изминатите 20 години со кои се соочува човештвото се зголемија. Истовремено, глобалните мегатрендови како дигитализацијата, климатските промени и растечката нееднаквост, драстично ги менуваат правилата по кои функцонираат и индустријата и пазарот на трудот, рече шефот на државата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали Симпсонови ги предвидоа и мајмунските сипаници?

Следно

Истрага во САД и Канада: Дали јагодите се причина за епидемијата на хепатитис А?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian