Брнз: Стратешкиот дијалог меѓу С. Македонија и САД ќе опфати повеќе теми

1 min read

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, говорејќи за стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и САД, кој треба да се одржи на 2 јуни во Вашингтон, претстави дел од темите коишто се очекува да се најдат на агендата на состанокот.

„Агендата е сѐ уште во подготовка, но идејата е да се опфатат повеќе теми од економски просперитет, јакнење на демократските институции, одбраната и безбедноста, како и донесување експерти кои би разговарале за приоритетите на секоја страна. Министерот за надворешни, Османи, ќе ја предводи делегацијата од Северна Македонија, листата за останатите претставници сѐ уште се финализира. Од наша страна, помошникот секретар, Карен Донфрид, која неодамна ја посети Северна Македонија, ќе биде официјален домаќин, но ќе има можности за средби и со други официјални лица“, рече амбасадорката Брнс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ново истражување: Мачките го препознаваат своето име и името на нивниот сопственик

Следно

Чавушоглу: Украинските мини го блокираат пловењето по Црно Море

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian