Бернардо Силва сака трансфер во Барселона

1 min read

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва сака да го напушти Манчестер сити и да се пресели во Барселона.

Силва минатото лето беше на излезени врати од „Етихад“, но менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола го убеди да остане уште една сезона во која Португалецот беше еден од најзаслужните за освоената титула во Премиер лигата.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ денеска пушува дека Силва повтоно сака да си оди од Сити и да се пресели во Барселона. Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, веќе имал телефонски разговор со Бернардо Силва во кој му објаснил за неговиот проект на „Камп Ноу“’ и дека во Португалецот гледа идеален лидер во средината на теренот.

За да го купи Силва, Барселона планира да го продаде Френки де Јонг за кого интерес пројавува Манчестер јунајтед.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фатмир Лимани посилен од Аријанит Хоџа во Беса

Следно

Ново истражување: Мачките го препознаваат своето име и името на нивниот сопственик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian