Анкета: За шест од десет Грци поскапувањето ќе влијае врз изборот на партија за која би гласале

2 mins read

Згоолемувањето  на цените, за шест од десет Грци ќе игра улога во изборот на партијата за која ќе гласаат на изборите, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Алко” (Alco) за телевизијата „Опен” (Open).

За 33 отсто од анкетираните поскапувањата ќе одиграат „голема”, а за 27 проценти „многу голема” улога во начинот на гласањето, додека пак во однос на пакетот владини мерки за сметките за електрична енергија, 35 отсто  велат дека „малку” ќе им помогне, а 31 процент „воопшто” нема да им помогне.

За посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на САД и колку средбата со американскиот претседател Џо Бајден и говорот во Конгресот ќе ѝ помогнат на Грција, поделено е мислењето на граѓаните, односно 30 отсто одговориле „доста”, 29 проценти „воопшто”, 16 отсто „многу”, 14 проценти „малку” и 11 отсто рекле дека не знаат.

Во однос на грчко – турските односи, речиси седум од десет анкетирани, односно 69 отсто сметаат дека ќе продолжат провокациите од Турција.

На политичката сцена и рејтингот на партиите, владејачката Нова демократија е за 8,5 отсто во предност пред опозициската СИРИЗА, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

На прашањето во кого имате повеќе доверба како премиер, Кирјакос Мицотакис добива 36 отсто, Алексис Ципрас 25 проценти, а тројца од десет анкетирани, односно 32 отсто одговориле дека во никој немаат доверба.

Истражувањето на агенцијата „Алко” за телевизијата „Опен” било спроведено од 23 до 28 мај со учество на 1.000 лица со право на глас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјани револтирани: Се краде на грамажа на Зелено пазарче и Бит Пазар

Следно

ВИДЕО | Се разведов и заминав на терапија: Џенифер Анистон проговори за болниот развод со Бред Пит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian