Алексовска е првата Македонка која ќе биде дел од НБА кампот „Кошарка без граници“

1 min read

Михаела Алексовска е првата кошаркарка од Македонија која доби покана да биде дел од овој престижен меѓународен собир на талентирани играчи. Најдобрата македонска млада кошаркарка од екипата на Крива Паланка од денеска е дел од НБА интернационалниот камп „Кошарка без граници“ кој се одржува во Милано.

Алексовска е првата кошаркарка од државата која доби покана да биде дел од овој престижен меѓународен камп (BWB), програма на ФИБА и НБА за глобален развој со акцент на подобрување на кошаркарските вештини на младите таленти на возраст до 18 години и промоција на: лидерство, образование, спортски дух и здрав живот, како и пријателство, отвореност и почит.

Таа ќе биде дел од петдневниот камп кој ги собира врвните млади кошаркарски таленти на возраст од 18 години и помлади од Азија-Пацифик, Европа, Америка и Африка.

Учесниците, избрани од ФИБА, НБА и националните федерации учеснички, се среќаваат во градот домаќин, овојпат тоа е Милано, како град кадешто требаше да се одржи овој камп во 2020 година, но поради пандемијата со Ковид-19 беше откажан.

Фото: kfsm.mk

На кампусот на Бокони Универзитетот каде што ќе се реализира „Кошарка без гранции 2022“ на младите кошаркарки и кошаркари ќе им се придружи персоналот на кампот, националниот тим и играчи од НБА, како и други врвни тренери од светот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца руски војници осудени на затвор во Украина за воени злосторства

Следно

Канадски продуцент исфрлен од црвениот тепих на фестивалот во Кан поради изборот на обувки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian