За дрога се апсеше во Центар, Карпош и Аеродром

1 min read

Кај три лица, на подрачјето на Скопје, вчера и денеска по полноќ е пронајдена дрога. Станува збор за три одделни случаи. 

-Синоќа околу 20.00 часот на паркинг простор пред спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(26) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-Денеска (30.05.2022) во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(20) од Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и дигитална вага. 

-Денеска (30.05.2022) во 01.15 часот на подрачјето на Аеродром во близина на трговски центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите случаи ќе биде поднесен соодветен поднесок за сторителите. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Ивановски : Уставниот суд мора да престане да биде заложник на партиски пресметки

Следно

Бугарскиот селектор Петров пред мечот против Македонија: Дојде време за резултати!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian