Вучиќ утре ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат

1 min read

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе положи заклетва пред пратениците од старото свикување на Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград.

Утре ќе се одржи единаесеттата специјална седница на Народното собрание на Србија, на која претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата во вториот мандат.

По полагањето заклетва, претседателот ќе се обрати пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа.

Мандатот на Вучиќ истекува на 31 мај, со оглед на тоа што тој ја презеде функцијата истиот ден во 2017 година.

На претседателските избори на 3 април годинава, Вучиќ ја доби довербата на 58,59 отсто од гласачите, односно на 2 224 914 граѓани.

На овие избори гласале 3 811 585 од 6 502 307 запишани гласачи во избирачкиот список, односно 58,62 отсто. Претседателските избори беа повторени на 16 април на 35 избирачки места.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Бремената Сара Мејс и Димитар Атанасовски пливаа со ајкули во Турција

Следно

Левандовски кратко и јасно: Мојата ера во Баерн заврши

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian