Во него биле 22 лица: Непалската војска го лоцираше местото на авионската несреќа

1 min read

Лоцирано е местото каде падна авионот, што исчезна во текот на вчерашниот ден, соопшти денеска непалската војска.

Во авионот беа 22 лица.

„Единиците за пребарување и спасување го лоцираа местото каде падна авионот“, напиша на Твитер, портпаролот на војската, Нарајан Силвал.

Претходно беше соопштено за исчезнат авион на приватна фирма, што летал од туристичкиот град Похара, околу 200 километри северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на осумдесетина километри северозападно.

Авионот леташе за Тара Еир, претежно се лета со авиони Твин Отер, произведени во Канада.

kurir.mk

Претходно

Седници на собраниските комисии за еднакви можности и за труд и социјална политика

Следно

ВИДЕО: Бостон е противникот на Голден Стејт во големото НБА финале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian