ВИДЕО | Стипендиите и гарантираното вработување ги мотивираат учениците за упис во стручно образование

1 min read

Се поголем број на ученици се заинтересирани средното образование да го продолжат во Енергетско машинскиот училишен центар ЕМУЦ „8 Септември“ и тоа како резултат на стипендирањето на учениците за време на школувањето и загарантираното вработување по завшувањето на средното образование, рече денеска во Утрински брифинг директорот Кенан Асани.

– Уште пред Министерството за образование да ја започне кампањата „Учи паметно-работи стручно“ ние први воведовме дуални паралелки во кои секој ученик е стипендиран од компаниите.  На почетокот имаше само девет стипендии за стручните училишта, што наиде и на потсмев од јавноста, но веќе следната година тој број се зголеми на 3.500 стипендии од МОН. До 2018 година стручните училишта беа во колапс затоа што немаше стипендии и гарантирано вработување, вели Асани.

Аплицирањето оваа година е само во електронска форма што значи дека не може како во минатото еден ученик да аплицира во повеќе училишта истовремено, со што ќе се ослободат места за упис во стручните училишта. Во ЕМУЦ оваа година отворени се 218 слободни места. Во четиригодишните паралелки има машинска струка, машински техничари за компјутерско управување, машинско енергетски техничари и техничари за моторни возила.

– Имаме и нов, металуршки смер за кој Макстил ги зголемува стипендиите, односно може да се запишат 50 ученици, 25 во паралелка на македонски и исто толку во паралелка на албански наставен јазик. Поволност за учениците од ромската популација е што критериумот е намален за 10 бодови, објаснува Асани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонката Ана Марија Јанковиќ е новата „Мис туризам 2022“ во Кан

Следно

Бил Гејтс: Ќе има нова чума

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian