ВИДЕО | „Мајчината љубов е најсилна“: Кучка инстантно го утеши своето расплаканото кученце

1 min read

Видео од мајка и нејзините новороденчиња стана вистински хит на „ТикТок“. На преслаткото видео се гледа како едно новородено кученце не може да ја најде својата мајка иако е оддалечено само неколку сантиметри од неа и неуморно лелека во обид да го привлече нејзиното внимание.

На видеото се гледа дека останатите кученца се со мајката, а едно залутало во погрешен правец. Кога кучката го забележа, веднаш стана и тргна по него. Кога стигна до него го положи своето тело пред неговата глава.

Кутрето штом ја почувствува веднаш се „залепи“ за својата мајка, а таа пак му посвети дополнително внимание и љубов за да го смири.

Видеото стана хит на платформата „ТикТок“ каде е прегледано повеќе од 5,2 милиони пати.

„Преслатка мајка“, „Не ги заслужуваме кучиња“, „Мајчината љубов е најсилното нешто во вселената“, „Ова е прекрасно“, се дел од коментарите под видеото.

@themothergothel #animalshavefeelingstoo #humanityforward #thereishope ♬ Love Theme (From “Love Actually”) [Piano Version] – Juggernoud1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Станковски, У21: Македонија посакува победа над Ерменија

Следно

БЕСА: Талат Џафери нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian