ВИДЕО | Ивановски : Уставниот суд мора да престане да биде заложник на партиски пресметки

1 min read

Поранешниот претседател на Уставен Суд Трендафил Ивановски коментирајќи ја денешната средба на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со врвот на државата смета дека состојбата со функционалноста на Уставниот суд е отсликување на состојбите во општеството.

– Имаме таква состојба да Уставниот суд не ја остварува законитоста и уставноста на државата. За таквата состојба е виновно самото Собрание што скоро година дена непотребно го одоговлекува изборот на новите уставни судии за партиски цели запоставувајќи ја грижата на државата за остварување на уставноста. Со оглед на тоа оваа денешна средба е со закаснување иако претседателата на Уставниот суд Кацарска прави обиди да се реанимира и реактивира работата на Уставниот суд час побрзо – вели Ивановски.

Ивановски додава дека ваквата состојба со функционалноста на Уставниот суд е отсликување на состојбите во општеството а доколку не се превземат итни чекори ни престои уставна криза во земјава.

„Ваквите состојби се резултат на несериозноста најмогу на политичките чинители во земјава. Тука зборам за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДМ но и останатите. Целиот систем но и Уставниот суд е ставен на климави нозе токму поради интересите на политичките партии и нивните калкулации – посочува Ивановски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

103-годишна жена скокна со падобран и го собори светскиот рекорд

Следно

За дрога се апсеше во Центар, Карпош и Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian