ВИДЕО | Бремената Сара Мејс и Димитар Атанасовски пливаа со ајкули во Турција

1 min read

Бремената Сара Мејс која во моментов е во осмиот месец од бременоста, заедно со сопругот Димитар Атанасовски и ќеркичката Илина ужива на одморот во Анталија.

Тие веќе неколку дена го впиваат сонцето во Турција и тоа непосредно пред да дојде на свет новиот член во семејството.

Познатата двојка постојано споделува фотографии од летниот рај и видеа на профилите на социјалните мрежи, а сега покажаа како се ужива во адреналин со несекојдневна активност.

Имено, и двајцата објавија видео како пливаат во базен со ајкули. Заштитени, се разбира.

„Неверојатно искуство и доживување. Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок и на ланче. Јас моето го подарив на Илина, а Димитар своето ми го подари мене. Дали дека сум трудна, па сум емотивна или некако пресимболично ми е. Најубавото ланче на светот (Читај најубавиот спомен)“, напиша пејачката во описот на видеото.

Фото: Instagram-принтскрин

А, и Димитар се одлучил да надмине голем предизвик и порача дека најголемо достигнување во животот е да се соочиш со своите стравови. И се пошегува дека следно по ова, е да ги брка ајкулите на отворено море.

ВИДЕО+ФОТО | Бремената Сара Мејс и Димитар уживаат на одморот во Турција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барселона повторно во проблеми, не може да ги регистрира новите засилувања

Следно

Вучиќ утре ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian