ВИДЕО: Бостон е противникот на Голден Стејт во големото НБА финале

2 mins read

Бостон селтикс се пласира во финалето од плеј-офот во НБА лигата и ќе игра со Голден Стејт вориорс откако во седмиот натпревар во финалето на Источната конференција го совладаа Мајами хит со 100:96.

Ова е прв пласман во големото финале за кошаркарите на Бостон по 12 години, а до него дојдоа со три победи на гости во дуелите со Мајами хит.

Бостон против Голден Стејт ќе игра за 18-та шампионска титула и доколку триумфираат ќе го претекнат тимот на ЛА Лејкерс со кого моментно го дели врвот по бројот на освоени титули. Последен пат Бостон ја освои шампионската титула во 2008 година, а последен пат во големото финале играше во 2010 година, и во двата случаи противник им беше ЛА Лејкерс.

Кошаркарите на Бостон во текот на целиот натпревар водеа, првата четвртина ја добија со 17:32, во втората ја одржуваа двоцифрената предност се до самиот финиш кога Мајами со серија 5:0 намали на едноцифрена разлика (49:55).


И во второто полувреме предноста на Бостон беше двоцифрена, се до стартот на последната четвртина кога Мајами дојде до минус три (79:82). Бостон возврати со серија од 0:8 и повторно се одлепи.

„Жешките“ не се откажуваат и во финишот со нова серија од 9:0 дојдоа на само два поени негатива (96:98) и по промашувањето на Маркус Смарт, добија шанса да го израмнат резултатот.

Но, Џими Батлер го промаши шутот за продолжение, по што Смарт од линијата за слободни фрлања ја завери победата и пласманот во големото финале.

Џејсон Тејтум кој беше прогласен за МВП во финалето на Истокот постигна 26 поени, додека Смарт и Џејлен Браун дадоа по 24 поени за Бостон. Во редовите на Мајами, најдобри беа Џими Батлер со 35 поени и Бем Адебајо со 25 постигнати поени.

Првиот натпревар од големото финале ќе се игра во ноќта помеѓу четврток и петок, а домаќин ќе биде Голден Стејт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во него биле 22 лица: Непалската војска го лоцираше местото на авионската несреќа

Следно

Како да ги запрете нападите на паника: Три начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од ненадејната вознемиреност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian