Ветото за С. Македонија не може да се тргува за „танкери, пари или Шенген“, велат бугарските социјалисти

3 mins read

Иако бугарскиот премиер Кирил Петков има силна желба да го тргне односо укине ветото за С. Македонија, тој нема да го стори тоа, бидејќи следниот ден нема да биде премиер, а владата ќе падне, вели Петар Витанов, шеф на делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент.

Според него, бугарските граѓани нема да останат рамнодушни доколку владата одлучи да го укине ветото во сегашната состојба на преговорите.

„Сакам да верувам дека не треба да има поврзување на прашањето за С. Македонија со танкери, планот за одржлив развој или Шенген. Тргување со овие работи не може да има, бидејќи ова е клучна одлука со исклучително широк јавен интерес“, додаде тој.

Витанов исто така потенцира дека според она што тој го чул на неговите меѓународни средби во последните недели, добил впечаток дека се преземени доста заложби за укинување на бугарското вето.

„Вистината е дека има многу големи очекувања и затоа има сериозен притисок врз нашата земја. Но, и да имаат голема желба премиерот и владата да го симнат ветото, тоа не може да се случи, бидејќи владата ќе падне доколку нема значителен напредок во односите меѓу двете земји“, изјави тој.

Фактот дека добивањето на парите од европкиост план за одржлив развој е забавено логично може да се поврзе со бугарското вето за С. Македонија и ова е еден вид на политички притисок на кој Бугарија не треба да подлегне, вели Иво Христов од редовите на групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП (СиД) и шеф на кабинетот на претседателот Румен Радев во периодот 2017-2019 година.

„Овие пари се мал детал во историскиот пат на Бугарија, кој е воден од многу поголеми настани. Влогот за зачувување на нашата историја, јазик, култура, самодоверба е многу поголем отколку инвестирањето во нашата проблематична економија“ – рече Христов.

Според него, владејачката коалиција не сака да преземе одговорност за ветото за С. Македонија, бидејќи со тоа би ја изгубила и надворешната поддршка.

“Ако ветото не биде потврдено, тогаш  владата ќе ја изгуби внатрешната поддршка. Соочени со оваа двојно губитничка ситуација, власта бара со кого да ја сподели одговорноста. На чиј грб да го префрли тоа, а првиот и најголем поддржувач на кабинетот е претседателот, поради високата доверба во него и поради тоа што им попречува на сите со својот авторитет и углед на човек кој ја кажува вистината во кој веруваат Бугарите“, потенцира Христов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како да ги запрете нападите на паника: Три начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од ненадејната вознемиреност

Следно

Спасувачка мисија од скопската зоолошка со среќен крај: Мајмунчето Делфина спасено од давење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian