Трајковски: Имаме нова шанса да играме повторно на Европско првенство

1 min read

Македонската А репрезентација на 2 јуни во Разград против Бугарија ќе го има првиот натпревар од Лигата „Ц“ во рамките од УЕФА Лигата на нации како дел од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Денеска се комплетираше составот на играчи на кои ќе смета селекторот Благоја Милевски за претстојните четири мечеви во јуни.

Во Скопје со националната А селекција е и напаѓачот на Ал Фејха од Саудиска Арабија, Александар Трајковски кој ги сподели очекувањата.

На две кола пред крајот на тамошниот шампионат Трајковски запиша еден гол од девет настапи.

– Сите мораат да бидат максимално фокусирани и да го дадат својот максимум, затоа што знаеме како се пласиравме на последното Европско првенство. Имаме нова шанса да го повториме тоа и да отидеме повторно на едно такво натпреварување. Знаеме дека ќе биде напорно, ќе пробуваме на секој можен начин да ја оствариме целта и уште еднаш ги израдуваме навивачите. Имаме доста играчи, се игра на секои три дена и се надевам сè ќе биде во најдобар ред. Мислам дека Бугарите нè сметаат за фаворити после сето тоа што го направивме, така што се ставаме во фаворитска улога затоа што со нашите резултати покажуваме дека сме фаворити. Секогаш е убаво да дојдат нови млади играчи во репрезентацијата кои треба да се докажуваат. Се надевам дека ќе го дадат својот максимум – вели нашиот репрезентативец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Слободен печат“ | Пендаровски: По 20 години, со кој образ ќе нудиме нешто друго освен ЕУ?!

Следно

„Опседната куќа“ во САД продадена за 1,52 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian