„Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари за време на викендов

2 mins read

Новиот филм на Том Круз „Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во 4.732 кина во Северна Америка, а упатените веруваат дека акционата авантура на „Paramount“ и „Skydance“ денес може да заработи 151 милион долари, иако очекувањата биле многу помали.

ФОТО | Том Круз пречекан со овации за „Top Gun: Maverick“ на Канскиот филмски фестивал

„Variety“ пишува дека ова е резултат на одличните критики, огромната носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит Маверик Мичел.

Со филмот „Top Gun: Maverick“, Том Круз оствари најголема заработка во својата 40-годишна кариера и ова е неговиот прв филм кој надмина 100 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето.

том круз
Екипата на „Top Gun: Maverick“ / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Имено, продуцентите ја таргетирале публиката над 40-годишна возраст, демографската група која овој период најмногу се двоуми кога е во прашање враќањето во кино.

Позитивните коментари за филмот треба да допринесат филмот на Круз да допре до помладата публика, онаа која не ни била родена кога „Top Gun“ за првпат беше прикажан пред 36 години.

Дејвид А. Грос, кој раководи со филмската консултантска фирма „Franchise Entertainment Research“, истакна дека податоците за интересот на публиката и заработката досега се „извонредни“.

„Изворниот материјал е исклучително интересен, актерската изведба е одлична, а Том Круз придонесе се да помине совршено“, изјави Грос.

И покрај безбројните одложувања на премиерата на продолжението на филмот, кој требаше да се појави во кината за првпат летото во 2020 година на почетокот на пандемијата на коронавирус, успехот не изостана.

На „Top Gun: Maverick“ потребна му е многубројна кино публика за да го оправда големиот продукциски буџет од 170 милиони долари, во кој не се вклучени десетиците милиони долари потрошени за филмската промоција низ светот.

Дел од средствата отидоа за премиерата одржана на Канскиот филмски фестивал. Филмот беше копродуциран и кофинансиран од „Skydance Media“.

 

ВИДЕО: Том Круз направи вистинско шоу на најочекуваната премиера на годината

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарскиот селектор Петров пред мечот против Македонија: Дојде време за резултати!

Следно

Менструална (не)правда: ДДВ на менструалните производи е исто како за виски и за цигари, итно намалување од 18 на 5 проценти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian