Седуммесечното мајмунче Делфина успешно беше спасено од давење во езерото во скопската Зоолошка градина. Сега за него се грижи негувателката Зерa.
-Бебето гибон мајката го фрлила во водата на езерото. Колешката Зера, која видела како паѓа, прво се јави да повика помош, а потоа влегла во езерото за да го извади. Додека стаса ветеринарката прво јас го реанимирав. По 40 минути борба го спасивме. Бебето прво покажуваше знаци на живот, по некое време се изгуби, па тешко дишеше со околу 20 отсто од капациететот, но за среќа успеавме – за весникот Нова Македонија раскажува Кристијан Стаменов, директор на Зоолошка.
Фотографиите се на Горан Анастасовски, а приказната за спасувањето на Делфина, погледнете ја во видеото подоле: