„Слободен печат“ | Пендаровски: По 20 години, со кој образ ќе нудиме нешто друго освен ЕУ?!

4 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ ќе можете да прочитате:

 

Хроника

 

Интервју со претседателот Стево Пендаровски: По 20 години, со кој образ ќе  нудиме нешто друго освен ЕУ?

-Пендаровски потсети дека има стравувања дека Отворен Балкан, што во принцип е добра идеја, може да се претвори во некој вид алтернатива на Европската Унија, во некој формат каков што предложи Макрон, а кој веднаш потоа беше поддржан од германскиот канцелар Олаф Шолц.

 

По штрајкот револт кон СОНК: Платите во градинките ем намалени ем доцнат!?

Воспитувачките и негувателките што го поддржаа штрајкот на СОНК се подготвуваат да излезат на протест пред седиштето на СОНК, револтирани затоа што сè уште не ја добиле платата за април. Одговорност ќе бараат од претседателот на синдикатот Јаким Неделков.

 

Поплавите направија пустош, се проценуваат штетите

-Според УМХР, најмногу дожд односно 39 литри на квадратен метар наврнаa во Ѓуриште, 34 литри во Тетово, 22 во Прилеп и Пожаране, а 16 литри во Скопје. Најинтензивни врнежи имаше во Полошкиот регион, потоа во Пелагонија, Велешко, Светиниколско, Скопско, Кумановско. Штетата е огромна особено кај овошките, лозовите насади и пластениците, кои буквално се столчени од градот со големина на орев. Во Лозово, пробиени се и некои од азбестните покриви на куќите, оштетени се голем број автомобили.

 

Економија

 

Експертите за можноста од „декарбонизација на економијата“: Да не трупаме отпад, да го искористиме како алтернативно гориво

-ТЕЦ „Неготино“ ја чуваме како резервен капацитет со 150 вработени, а можеме да ѝ дадеме енергент – отпад, така ќе го решиме и прашањето со отпадот и ќе добиеме електрична енергија, вели професорот Даме Димитровски од Машинскиот факултет

 

Скопје

 

Дождот урна потпорен ѕид во Пинтија, ќе се проверуваат сите вакви градби во Кисела Вода

– Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вели дека таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, во наредниот период ќе се утврди како ќе се постапува.

Свет

 

Офанзива на руските сили кон стратегискиот град Северодоњецк: Лавров ги демантира гласините – Путин не е болен, Донбас е приоритет!

– Шефот на дипломатијата истакнал дека „ослободувањето“ на Донбас е „безусловен приоритет“ за Москва, но и дека „и други украински региони би можеле самите да решаваат за својата иднина“, алудирајќи на Херсон

 

Спорт

 

Се бара виновникот за доцнењето на стартот на финалниот натпревар во ЛШ: УЕФА и Англија си играат пинг-понг, си ја префрлаат вината за хаосот во Париз

– УЕФА и француските власти ги обвинија навивачите на Ливерпул за доцнењето на стартот на финалето што се играше во Париз, додека владата на Обединетото Кралство и Ливерпул вината ја гледаат кај организаторот и бараат да се спроведе заедничка истрага

 

 

Еспресо

 

Заврши 75. Канскиот филмски фестивал: „Триаголник на тагата“ на Роберт Остлунд ја освои Златната палма

– Шведскиот режисер ги воодушеви жирито и публиката со сочната сатира за супербогатите и луксузот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѕвездата од „Сексот и градот“ сподели ретка заедничка фотографија со нејзината сопруга

Следно

Трајковски: Имаме нова шанса да играме повторно на Европско првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian