Седници на собраниските комисии за еднакви можности и за труд и социјална политика

1 min read

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за труд и социјална политика.

На Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе се формира Работна група за реализација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2022-2024.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 30 мај: Треба да имате повеќе храброст

Следно

Во него биле 22 лица: Непалската војска го лоцираше местото на авионската несреќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian