Пред 30 години на овој ден беа воведени санкциите врз СР Југославија, последиците ги почувствува и Македонија

7 mins read

Денеска се навршуваат точно 30 години откако граѓаните на тогашната Сојузна Република Југославија се соочија со строги санкции од меѓународната заедница, што предизвика една од најголемите светски инфлации, економска пропаст и драстично осиромашување на населението.

Имено, на денешен ден во 1992 година, Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 757, со која беа воведени строги санкции на тогашната СР Југославија (СРЈ), која се состоеше од Србија и Црна Гора, осудувајќи ја СРЈ за неуспехот да ја спроведе Резолуцијата 752 на СБ на ОН за почитување за интегритетот и суверенитетот на Босна и Херцеговина.

Резолуцијата 757 вклучуваше забрана за секаков увоз и извоз од СРЈ освен за хуманитарни цели, блокада на сите финансиски извори и деловна соработка со СРЈ, забрана за воздушниот сообраќај со СРЈ, освен за хуманитарни потреби, забрана за одржување на авиони во сопственост на СРЈ и намалување на дипломатско-конзуларниот персонал СРЈ забрана за учество на спортисти од СРЈ на меѓународни натпревари и прекин на научната, техничката и културната соработка.

За оваа Резолуција гласаа 13 членови на Советот за безбедност, двајца беа воздржани и ниту еден не беше против ниту стави вето. Така од постојаните членки на Советот за безбедност За гласаа САД, Велика Британија, Франција и Русија, како и Австрија, Белгија, Зеленортските Острови, Еквадор, Унгарија, Индија, Јапонија, Мароко и Венецуела. Единствена воздржана, како постојана членка на Советот за безбедност, беше Кина, како и Зимбабве.

Санкциите, заедно со војната во СФРЈ, губењето на пазарот и неконтролираното печатење пари, предизвикаа бран хиперинфлација кој траеше од средината на 1992 година до почетокот на 1994 година и тогаш беше втора најголема инфлација во светот по Унгарија во 1946 година. Државата падна во период на економски и индустриски колапс, а населението во целосна сиромаштија, иако сите српски граѓани, особено во текот на 1993 година, можеа да се нарекуваат „милионери“ или „милијардери“, поради бројот на нули на банкнотите испечатени на времето. Според номинацијата, најголемата банкнота била со ликот на поетот Јован Јовановиќ Змај во вредност од 500 милијарди динари, но всушност за неа можела да се купи само една ролна тоалетна хартија.

Банкнотата од 500 милијарди динари која не вредеше речиси ништо/Фото: Народна банка на Србија

Последите од санкциите ги почувствува и Македонија

Како соседна земја Македонија беше тешко погодена од санкциите на ОН врз СР југославија кои негативно се одразија врз и онака кревката македонска економија која тогаш почна да се развива самостојно по распаѓањето на југословенската федерација.

-Македонија беше тешко погодена од санкциите врз северниот сосед СР Југославија, посебно поради тоа што не примавме компензациите за своите затворени западни пазари кои беа доминантни по распаѓањето на СФРЈ, а на југ се наоѓаше ембаргото од Грција. Корупциските проблемо кои и денес ги имаме потекнуваат од тоа време кога беа затворени легалните патишта за соработка се разви илегалната трговија на границата со СРЈ, делумно толерирана од меѓународната заедница поради тешката економска ситуција, се присетува на тој период познатиот новинар и медиа директор на „Слободен печат“ Сашо Орданоски.

Тој додава дека во тоа време најмногу се шверцувале енергенси, цигари и тутун, разни прехранбени производи и стока за широка потрошувачка.

-Нормализацијата започна да се одвива по завршувањето на виените операции на Косово и следната деценија беше потреба за норамализација на економските релации особено во легални рамки, вели Орданоски.

Штетата што ја претрпе Република Македонија од грчкото ембарго, според проценките на економските експерти, изнесуваше околу 2 милијарди долари, а за штетите од трговско ембарго на ОН кон СР Југославија, кое Македонија беше принудена да го почитува, нема конкретни податоци. Поради овие две блокади, земјата беше отсечена од главните трговски патишта преку Коридорот 10.

Животот во СРЈ под ембарго

Дневната стапка на инфлација во тоа време беше 65%, додека скокот на цените се случуваше двапати на секои 34 часа. Според некои податоци, максимумот на хиперинфлација е постигнат во јануари 1994 година и изнесува 5,578 трилиони отсто, со пораст на цената од 313 милиони отсто. Истовремено, поради официјалниот државен курс, кој беше неупотреблив, се применуваше уличниот „црн“ курс со кој се вреднуваа малкуте преостанати стоки во продавниците, платите на голем број граѓани беа само меѓу 1 и 5. германски марки, а наместо плаќање со пари се применуваше размена на стоки. Обидувајќи се некако да го намалат, властите на СРЈ од јули 1992 година до јануари 1994 година направија четири деноминации на валутата, така што еднаш милион, но и милијарда динари беа изедначени само со еден динар. Конечно, последната деноминација направена со доаѓањето на Драгослав Аврамовиќ на чело на Народната банка, на 24 јануари 1994 година, воведе нов динар што е еднаков на германската марка.

Од друга страна, санкциите наметнати со Резолуцијата 757 на Советот за безбедност беа дополнително заострени во следните години поради војната во БиХ, а некои од нив беа укинати по Дејтонскиот договор во декември 1995 година. Сепак, таканаречениот надворешен ѕид на санкциите на меѓународната заедница против СРЈ остана на сила практично уште пет години, до падот на режимот на Слободан Милошевиќ.

Олимпските шампиони во стрелаштво Јасна Шекариќ и Горан Максимовиќ потпишуваат петиција до Генералниот секретар на ОН Бутрос Гали против нивното изземање од учеството на ЛОИ во Барселона/18 јуни 1992/Фото: EPA/MAJA ILIC

Меѓу последиците од санкциите, меѓу другото, беа и исклучувањето на фудбалската репрезентација на СРЈ од Европското првенство во Шведска во 1992 година, како и колективните спортови од Летните олимписки игри што се одржаа во Барселона тоа лето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата Елизабета за првпат ќе ја види ќерката на Меган Маркл и принцот Хари: Парот ќе присуствува на

Следно

Најбогатите животни на ТикТок: Овие миленици заработуваат до 4000 долари по објава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian