Популарната Касандра се огласи од болница: Ви благодарам на сите за пораките, многу ми помогнаа

1 min read

Латиноамериканската актерка Кораима Торес, која е позната по улогата на Касандра, ги загрижи своите следбеници со својта објава на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Имено, таа најпрво објави кратко видео на кое се гледа дека е во болница и дека има прима кислород. Многумина се запрашаа што ѝ се случило, а таа денес откри за што се работи, но и дека си оди дома.

„Бев во болница поради респираторни проблеми. Сега конечно си одам дома. Сега ќе внимавам многу повеќе. Ви благодарам на сите за пораките, многу ми помогнаа“, напиша Кораима.

Да потсетиме, мегапопуларната серија „Касандра“ се емитуваше пред повеќе од 20 години на нашите телевизиски екрани, предизвика невиден феномен на посветено гледање и вљубување во главните ликови, соживување со нивните болки и радости… Времиња во кои по улиците немаше жив човек – сите гледаа „Касандра“!

Сепак, приматот на ѕвезда на оваа теленовела го носеше Кораима Торес, главната улога во „Касандра“. Кораима денес има 48 години, живее и работи во Колумбија. По потекло е од Венецуела и е една од најпознатите актерки во Јужна Америка. Актерката иако е во петтата деценија од животот, посветено вежба и изгледа непроменето!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИН МЕМОРИАМ: Почина Лефтер Бошковски

Следно

Азири: Џафери е слуга на Артан Груби и тој не треба да биде претседател на Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian