„Опседната куќа“ во САД продадена за 1,52 милиони долари

2 mins read

Куќата со три спални соби од почетокот на 19 век во Бурилвил, Род Ајленд, САД, и покрај нејзините „шармантни“ историски елементи, важи за „опседната“ куќа и истата беше инспирација за хорор-филмот „The Conjuring“ од 2013 година.

Откако се појави на пазарот на крајот на 2021 година за 1,2 милиони долари, куќата неодамна беше продадена за 1,52 милиони долари, што е 27 отсто над пазарната цена. Имотот што се наоѓа на „1677 Роунд топ роуд“, се простира на 280 квадратни метри, вклучувајќи тавани со греди, камини и дрвени кабинети во кујната.

Претходните сопственици, истражувачите на паранормалности Џен и Кори Хајнзен, ја купиле куќата за 439.000 долари во 2019 година и поминале четири месеци во една соба како „знак на почит кон духовите, дозволувајќи им да се навикнат на нив наместо да ги нападнат“, изјавија тие за „Волстрит журнал“ за време на купувањето. Сепак, тие забележале црна фигура во дневната соба.

„Кога сфативме дека двајцата сме будни и двајцата го видовме тоа, исчезна“, изјави Кори Хајнзен. Тие слушнале чекори и тропање, па дури виделе и блесоци на светлина во просториите во кои немало вклучено светло.

Списанието исто така беше првото што објави вести за оваа продажба, додавајќи дека новиот сопственик е Жаклин Нуњез од Бостон. Таа била една од десетте луѓе што ги доставиле своите понуди за недвижнини.

„Ова е многу лично купување за мене. Кога се појави на пазарот, си помислив – ова е имот што им овозможува на луѓето да разговараат со мртвите“, изјави Нунез за „Волстрит журнал“, додавајќи дека не чувствува дека куќата е дом на демони, туку едноставно е „уникатна структура“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трајковски: Имаме нова шанса да играме повторно на Европско првенство

Следно

ФОТО: Пендаровски ги одликува нобеловецот Пол Кругман и Стопанската комора со орден за заслуги

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian