Нобеловецот Кругман: Ако посакувате зголемување на европските инвестиции во Северна Македонија, инвестирајте во подобрувањето на патната инфраструктура

1 min read

 

Доколку сакате европските фабрики да дојдат и да отворат свои филијали во Република Северна Македонија и со тоа да почнат да произведуваат овде, прво и најважно е да се обезбеди добра патна инфраструктура и со оваа безбеден и брз транспорт. Ова го изјави познатиот американски универзитетски професор, економист и автор Пол Кругман, добитник на Нобеловата награда, за време на својот говор на отворањето на годинешната конференција на Скопскиот економски форум (СЕФФ), платформа за дијалог за економски и финансиски прашања, иницирана од Министерството за финансии.

“Она што треба сега да се стори, веднаш и верувам дека се адресира тој проблем е да осигурате дека ако сакате нешто, пример фабрики од Холандија, Германија, ако сакате да користат производство тука, она што е најважно е таа инфраструктура за транспорт.“ – изјави Пол Кругман американски професор, добитник на Нобелова награда за економија.

Потсетуваме дека Владата на Република Северна Македонија со изградбата на Коридорот 8 и 10Д ќе обезбеди одлични регионални конеции, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од големо економско значење за земјата и пошироко.

Првиот вицепремиер Груби пред неколку дена заедно со членовите претседаваше со Комисијата за преговори, потпишување на договорот и изградбата на Коридорот 8 и 10Д каде уште еднаш беше констатирано дека со оваа одлука на Владата продолжува инвестицијата во подобрувањето на квалитетот на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во согласност со правилата на Европската Унија.

Претходно

ФОТО: Пендаровски ги одликува нобеловецот Пол Кругман и Стопанската комора со орден за заслуги

Следно

Барселона повторно во проблеми, не може да ги регистрира новите засилувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian