Најбогатите животни на ТикТок: Овие миленици заработуваат до 4000 долари по објава

2 mins read

Порталот „All About Cats“ неодамна објави колку заработуваат најпопуларните животни на ТикТок, а износите би можеле прилично да ве изненадат.

На врвот на летвичката со најплатените профили се „ThatLittlePuff“, крзнената сива мачка за која се проценува дека заработува повеќе од 4000 долари по објава. Со 27,6 милиони следбеници и повеќе од 590 милиони лајкови, мачката, со помош на лукавите уредувања од страна на своите сопственици ги тестира рецептите и животните трикови кои ги објавуваат другите корисници, а нејзините објави никогаш не добиваат помалку од милион прегледи.

@thatlittlepuff Making some cakes with Mac ☺️☺️☺️#ThatLittlePuff #puffknowsbetter #catsoftiktok ♬ original sound – ThatLittlePuff

На второто место е „Jiffpom“, померанец со одлична фризура и шик гардероба. Има два Гинисови рекорди за најбрзото куче кое оди на две шепи, а гостуваше и во спотот на Кети Пери за песната „Dark Horse“. Со повеќе од 20 милиони следбениц и 518 милиони лајкови, малечкиот померанец заработува околу 3000 долари по објава на ТикТок.

@jiffpomlove u. 💜♬ Be Happy – Dixie

Бронзената медаља за најголемата заработка на платформата оди кај верверичките кои на ТикТок се активни под името „Chipmunks of TikTok“. Динки, Сквиши, Моши и Сунѓерот Боб се само некои од 25-те верверички кои 13,7 милиони корисници редовно ги гледа како ја полнат својата уста со грицки. Овие гладни слатки верверички заработуваат нешто помалку од 2000 долари по објава на ТикТок.

@chipmunksoftiktok Mr SpongeBob here is your 5 piece Nugget meal you ordered #foryou #cuteanimals #cute #chipmunks #spongebob ♬ original sound – Chipmunks of TikTok

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пред 30 години на овој ден беа воведени санкциите врз СР Југославија, последиците ги почувствува и Македонија

Следно

Маричиќ се сретна со Абазовиќ: Важно е да соработуваме на патот кон ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian