Македонката Ана Марија Јанковиќ е новата „Мис туризам 2022“ во Кан

1 min read

Успешниот модел, македонката Ана Марија Јанковиќ (20) ја освои титулата Мис Туризам во Кан. Таа досега има снимено многу реклами за познати македонски брендови, а се почесто е ангажирана да снима и во странство.

Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа е член и претставник на модната агенција Real Woman Agency од Белград, а неодамна стана новото лице на познатиот моден бренд Guess. Ана е постарата ќерка на нашиот режисер Дарио Јанковиќ, битолчанец со хрватско потекло, кој досега има режирано спотови за речиси цела македонска естрада.

Ана Марија влезе и во топ три убавици на изборот на Miss Movie Star кој беше организиран од Фешн ТВ во Кан.

Изборот беше организиран за време на Канскиот филмски фестивал, а на овој настан гости беа многу познати личности од светот на уметноста и филмот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се смирува коронавирусот во Кина: Во Пекинг некои се враќаат на работа, а Шангај се приближува до укинување на локдаунот

Следно

ВИДЕО | Стипендиите и гарантираното вработување ги мотивираат учениците за упис во стручно образование

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian