Левандовски кратко и јасно: Мојата ера во Баерн заврши

2 mins read

Роберт Левандовски уште еднаш повтори дека летово ќе го напушти Баерн Минхен. Сите дилеми околу неговиот статус во германскиот тим, Левандовски ги разреши на собирот на полската репрезентација пред настапот во Лигата на нации.

– Мојата ера во Баерн заврши. Но, на прашањето дали веќе сум играч на Барселона, сè уште не можам да дадам конечен одговор. Не сакам да бидам во ваква ситуација. Тоа што 100 отсто е сигурно е дека завршив со Баерн – изјави Левандовски.

Како идна дестинација на полскиот репрезентативец се споменува Барселона чиј тренер Чави Ернандез го гледа како предводник на нападот. Наводно, Полјакот веќе се договорил да потпише тригодишен договор.

– Се ќе биде појасно во наредните две недели. Сега, сакам да се фокусирам на настапите со репрезентацијата. По Лигата на нации ќе имаме доволно време за да разговараме за мојата иднина. Но, морам да повторам, не постои никаква можност да продолжам да настапувам за Баерн Минхен – изјави Левандовски.

Левандовски во Баерн Минхен пристигна во 2014 година и со германскиот тим ги освои сите трофеи.

Освои осум титули во Бундеслигата, три во германскиот Куп, пет во германскиот Суперкуп и има по еден трофеј во Лигата на шампионите, во УЕФА Суперкупот и во Светското клупско првенство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ утре ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат

Следно

Кралицата Елизабета за првпат ќе ја види ќерката на Меган Маркл и принцот Хари: Парот ќе присуствува на

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian