Кралицата Елизабета Втора конечно ќе има можност да ја запознае малата Лилибет, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, односно нејзината правнука, пренесува „Еxpress“.
Елизабета треба да ја види Лилибет на нејзиниот прв роденден во сабота, а ова ќе биде првпат девојката да ги запознае своите „кралски роднини“.
Второто дете на војводата и војвотката од Сасекс во сабота полни една година, а по тој повод таа со родителите и нејзиниот постар брат Арчи ќе отпатува од Калифорнија, САД во Лондон, Велика Британија по повод платинестиот јубилеј на кралицата.
Исто така, странските медиуми јавуваат како ќе се одржи роденденската забава во близина на замокот Виндзор. Покрај Елизабет, девојчето за првпат ќе се сретне и со останатите нејзини „кралски роднини“, а слично ќе биде и со Хари и Меган, затоа што ова е прво нивно официјално доаѓање по 2019 година, кога одлучија дека ќе го напуштат кралското семејство.
Инаку, Лилибет е родена во Калифорнија, а парот нејзиното име го избрал во чест на Елизабета, затоа што Лилибет е нејзин семеен прекар.
Кралицата (96), оваа година ќе ги пропушти омилените коњски трки во Епсом, што наводно ќе ѝ биде трет пат да не биде сведок на овој настан. Причината е загриженоста за нејзината подвижност. Наместо Елизабета, принцезата Ана ќе биде претставник од кралското семејство во Епсом.