Ковачевски: Носиме мерки за одржување на економскиот раст и во услови на најголема криза

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум” СЕФФ2022, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа”.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање ги истакна приоритети на Владата за справување со предизвиците во услови на најголемата глобална енергетска криза, мерките за ублажување на ценовниот раст и за задржување на ликвидноста на компаниите. Дополнително, премиерот Ковачевски се осврна и на плановите на Владата за стабилност на економијата и плановите кои се прават на среден и долг рок за економски развој.

„Најпрвин сакам да се заблагодарам на Министерството за Финансии, на Министерот, на целиот тим што по втор пат го организира Скопје-економскиот и финансиски форум којшто навистина сега е и во поголем број и во подобри услови бидејќи немаме просторни ограничувања од вирусот, со оглед на тоа дека во моментов нема мерки“ изјави тој.

Исто така она што го планиравме, а тоа е да имаме најеминентен економист од светот присутен, успеавме да го направиме оваа година со оглед на тоа што според сите мислења највлијателниот економист во светот во моментов Пол Кругман е тука, навистина дава дополнителна тежина на овој економски-финансиски форум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Калуш Оркестра“ го продаде трофејот од Евровизија за 900 илјади долари: Ќе набавиме беспилотни летала за украинската војска

Следно

Анкета: Голем дел од Австријците се за укинување на функцијата претседател

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian