Кацарска: Петков испорачува исти барања како претходниците, само на поумерен начин

2 mins read

Според Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, не е добро ако бугарските барања кон Македонија бидат вметнати во преговарачката рамка за членство на нашата земја во ЕУ.

– Ние неколку пати досега сме посочувале дека вклучувањето на таквите барања во преговарачката рамка се коси со европските принципи. Таков став имаат земјите-членки и ние, како земја-кандидат што допрва треба да преговара. За да биде усвоена во ЕК преговарачката рамка треба да биде прифатена од сите земји-членки, а досега е јасно дека нема консензус за нешто такво. Во Унијата не сакаат билатералните прашања да бидат дел од преговорите. Вклучувањето на билатералните прашања би го контаминирало процесот на проширување – вели Кацарска за „Слободен печат“.

На прашањето дали бугарскиот премиер Кирил Петков со ваквиот став создава алиби дека и на јунскиот самит на ЕУ ќе мора да остане ветото и покрај неговите напори да го тргне, Кацарска вели дека и  Петков и оваа бугарска влада ни ги испорачуваат апсолутно истите барања како и претходните влади што нè блокираа, само што речникот им е поумерен.

Бугарските медиуми викендов објавија дека на средбата со коалициските партнери во Владата во петокот Петков најавил дека ќе бара условите што ги постави Бугарија за решавање на спорот, да бидат вклучени во преговарачката рамка со Европската Комисија. Сличен начин за излез од ќор-сокакот пред средбата најави и копретседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов.

Од МНР досега се изјаснувале категорично против идејата барањата на Бугарија да станат дел од преговорите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем неделен хороскоп (30 мај-5 јуни): Биковите ќе ги покажат своите таленти, на Девиците сè ќе им оди од рака…

Следно

Со марш одбележан Денот на мултипла склероза во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian