Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска загуби во првото коло на јуниорскиот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.
Нашиот тенисер претрпе пораз од Бразилецот Жоао Фонсека (кој настапува на турнирот со „вајлд-карта“) со резултат 2:1 во сетоби.
Ивановски успеа да го добие првиот сет кој беше решен во тај-брејк со 7:6 (10). Бразилскиот тенисер направи пресврт освојувајќи ги следните два сета со 6:4 и 6:2
Фонсека во второто коло ќе игра против Парагваецот Даниел Ваљехо кој на стартот триумфираше над Французинот Пол Иншоспе.
За Ивановски останува да настапи и во двојки, заедно со неговиот партнер Ерик Арутиуниан од Белорусија, во првото коло за ривали ги имаат Хинек Бартон (Чешка) и Ејден Ким (САД).