На 81 годишна возраст во Скопје денеска почина Лефтер Бошковски, познат спортски работник, ракометен тренер, професор, а беше и предводник на најдобрата женска македонска репрезентација.
Во Романија каде беше многу почитуван, го стекна ракометното образование, а потоа истото го пренесе во нашата земја.
Во тренерската кариера ги водеше ракометните клубови на Вардар, Работнички и Кометал Ѓорче Петров.
Знаеше да препознае талент, имаше голем љубов кон ракометот споделувајќи го своето знаење, воведувајќи модерен ракомет во Македонија.
Го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик каде приоритет му беше развојот на млади ракометари. Воедно работеше во младинските школи на Академија Алушовски, КЛ7, Голден Арт.
Имаше доста успеси во својата кариера, меѓу нив и освојувањето на првиот трофеј на традиционалниот струшки турнир кој годинава ќе одбележи 50 години постоење.