Голем неделен хороскоп (30 мај-5 јуни): Биковите ќе ги покажат своите таленти, на Девиците сè ќе им оди од рака…

12 mins read

Овен

Ве очекува недела полна со деловни, но и домашни обврски. Во неколку наврати ќе ви се чини дека на работите не им се гледа крајот, но ќе го извлечете максимумот од себеси и ќе решите сè што ќе ви се појави на патот. Во врската со партнерот, обидете се да размислувате надвор од вообичаените, секојдневни рамки. Позанимавајте се со идејата како да поминете повеќе време заедно, бидејќи оваа инвестиција ќе ви се исплати многукратно. Резервирајте викенд само за вас двајца. Обидете се слободното време да си го посветите на себеси. Ќе се чувствувате слободни, енергични и ќе блескате со енергија. Идеално време е да се запишете на некој од курс за фитнес или аеробик.

Бик

Ќе имате можност да ги покажете своите таленти. Ќе се вклучите во планирање и на тој начин ќе придонесете многу за вашата работна средина. Вашите вештини и методи нема да останат незабележани од вашите претпоставени. Во љубовта ќе уживата во енергијата на Меркур кој е во вашиот знак, кој ќе ве извлече од подолгиот период проследен со неволји. Многу работи во љубовта ќе се раздвижат од „мртва точка“, а вашата посветеност конечно ќе даде резултати. Полни сте со енергија и тоа ќе ве поттикне повеќе да излегувате од дома. Така ќе сфатите колку подобро се чувствувате психички. Искористете го слободното време за повеќе физичка активност.

Близнаци

Ова е добро време за сите работи поврзани со инвестиции и недвижнини. Но, со сите паралелни активности и обврски кои се случуваат, оваа недела ќе треба да бидете повнимателни со финансиите и да не ги трошите лесно, тешко заработените пари. На љубовно поле за да „запалите“ нова искра во врската со партнерот, понекогаш доволно е да испратите и само една љубовна смс порака. На овој начин ќе го потсетите партнерот на сите убави работи во вашата врска и ќе ја продлабочите врската. Пораката нека биде искрена, а не она што мислите дека вашиот партнер би сакал да го прочита. Ќе се соочите со психичката напнатост. Животот понекогаш навистина може да биде голем предизвик, а пред вас се токму такви денови, напнати, но и полни со позитивни промени. Зошто да не се опуштите малку и да се посветите на работите што ги сакате?

Рак

Поради енергијата на Меркур во вас ќе расте потребата да за исполнување на желбите и да ги реализирате вашите идеи. Ќе бидете оптимисти за себе и за луѓето околу вас. На работа оваа недела внимавајте да не се исцрпувате премногу поради колегите кои сакаат да се натпреваруваат со вас. Би можеле да се заљубите во некој кој ви прави повеќе проблеми отколку добро. Но, до крајот на неделата многу работи ќе испливаат на површината, а вие ќе знаете на што сте и каква одлука да донесете. За многу Ракови оваа недела ќе донесе подобрување на љубовните врски и бракови. Концентрацијата значително ќе ви се подобри од оваа недела, а ќе имате и доволно енергија. Може да се соочите со поизразена несоница или нечии проблеми и лоша животна ситуација кои ќе ве вознемират и потресат.

Лав

Ве очекува поизразен пад на концентрацијата на работа. Можеби деловното оптоварување изгледа преголемо, но повеќето од вас ќе излезат од овој период посилни од кога било. Ќе се соочите со реалноста, но и ќе бидете мотивирани за големи промени. Поради лошата комуникација во семејството ќе се чувствувате напуштено и осамено. Не дозволувајте тоа чувство да ве однесе предалеку. Посветете се на работите што ги сакате, а кои поради недостаток на време сте ги запоставиле и на тој начин окупирајте ги вашите мисли. Грижете се за вашето здравје. Неповолното влијание на Меркур може да придонесе за пад на имунитетот, поизразена настинка или вирус. Вклучете што е можно повеќе овошје во вашата исхрана и пијте многу течности.

Девица

Работите ќе ви одат од рака. Ќе можете да правите се што сте замислиле во сите области во кои делувате. Потрудете се да ги завршите важните задачи и работите што постојано ги одложувате додека ве држи
креативната енергија. Во љубовта може да ви се случи да запознаете личност со која многу брзо ќе стапите во врска. Ќе знаете што сакате, па спротивниот пол ќе ја забележи сигурноста со која зрачите. Девиците во брак ќе го зајакнат партнерскиот дух и покрај повремените и безопасни кавги. Изминатиот период ви беше полн со главоболки и болки во телото, но вие ќе почнете да се чувствувате подобро. Потрудете се да одвоите време за ментален и физички одмор. Потребна ви е промена на стилот и начинот на живот.

Вага

Трговските контакти ќе ви бидат од корист оваа недела, но комуникацијата со колегите и претпоставените ќе ви биде доста напната. Ќе добиете можност да презентирате некои идеи и проекти, но потребно е да вложите уште малку труд. Зад навидум обични ситуации ќе се кријат нови љубовни можности. Љубовните постапки ќе ве доведат до зацртаната цел со партнерот, без разлика колку стратегијата на освојување симпатии мислите дека ќе биде осудена на пропаст. Покажете малку повеќе нежност и приредете некое поромантично изненадување за саканата личност. Фитнес, џогирање или прошетка на свеж воздух ќе ви овозможат да се чувствувате позадоволни со себе и со својот изглед. Потребно ви е што повеќе движење, но и одмор.

Скорпија

Неповолниот Меркур може да забави некои ваши проекти или да ја одложи реализацијата на вашите планови. Бидете трпеливи, особено ако наидете на пречки. Не се расправајте со неистомислениците, заобиколете ги таквите ситуации на работа. Во љубовта прашања поврзани со одговорности и поделба на обврски ќе бидат ставени на дневен ред. Нема да го толерирате површното однесување на вашиот партнер, па отворено ќе му кажувате што и зошто му замерувате. Нестабилните врски би можеле да добијат разрешница, додека стабилните односи дополнително ќе се зацврстат па дури и ќе се приближат до брачна одлука. Оваа недела ќе бидете порасположени, што позитивно ќе се одрази на вашето ментално здравје. Скорпиите ќе се интересираат за светот на духовноста, можеби ќе прочитаат некоја книга од таа област, која ќе ви донесе нови сознанија.

Стрелец

На работа организирајте се за да го добиете она што сте го планирале. Ќе се појават проблеми можеби поврзани со ново работно место, колега, финансии или промена на работното место. И покрај исцрпеноста, можете многу да направите! На љубовно поле ќе ве привлекува се што е ново и интересно. Ова на слободните Стрелци ќе им обезбеди ако не нови љубовни почетоци, тогаш барем интересен и исполнет социјален живот. Брачните односи ќе се подобруваат, а кризните периоди оваа недела ќе стивнат, но ќе мора да бидете потолерантни и попопусливи. Ќе се чувствувате енергично, но ќе имате тенденција да претерувате со многу работи. Ќе мора да разберете дека не сте машина и дека имате ограничувања. За да можете да функционирате нормално, ќе мора да спиете доволно и да јадете редовно.

Јарец

По кој знае кој пат ќе се покаже дека успех се постигнува само со дисциплина. Оваа недела ќе бидете токму такви и самоуверено ќе се движите по патот до успехот. Ќе бидете инспирирани и полни со креативни идеи, што ќе ги натера вашите претпоставени и колеги повеќе да ве ценат. Во љубовта ве очекува повеќе мир и стабилност. Некои може да се вљубат во личност од друг град или држава, можеби преку интернет или некое непланирано патување. Ќе уживате во вербални надмудрувања со симпатијата па сè повеќе ќе се вљубувате во неа. Не дозволувајте стресот да ве попречи да ги реалирате работите кои сте ги намислиле. Воведете некои од техниките за релаксација бидејќи тоа ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста.

Водолија

Односите со колегите и претпоставените ќе бидат напнати, а парите кои долго време планиравте да ги вложите, ќе ги потрошите како да ви се испуштиле од рака. Доколку се занимавате со приватен бизнис, би можеле да имате повеќе работа со даночните обврзници. Разликите во карактерите меѓу вас и вашиот партнер ќе испливаат на површина. Можни се дискусии и мешање од други луѓе во вашиот приватен живот, што никако не смеете да го дозволите. Отворениот разговор со партнерот на крајот на неделата ќе разјасни многу работи. Јадете добро подготвена, свежа и здрава храна за да се чувствувате добро и да избегнете какви било проблеми со варењето. Спортувањето или обновувањето на вашата гардероба позитивно ќе влијае на вашата самодоверба.

Риби

Напорниот и незгоден период во деловните односи е при крај. Енергијата на Меркур ќе биде одговорна за враќањето на волјата и работната етика. Вашата креативност ќе почне да „цвета“, ќе ви се врати инспирацијата и вербата во себе. Доколку се прашувате каде се крие личноста од вашите соништа – погрижете се да ја побарате на вистинските места! Држете ги очите широко отворени оваа недела. Без разлика дали учествувате во организација на корпоративен состанок или присуствувате на голем настан, некој може да ве изненади. Доколку страдате од некаква болест, оваа недела ќе се чувствувате многу подобро. Следете ги препорактие на лекарите, само тоа може да донесе позитивни резултати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ивановски елиминиран на стартот на јуниорскиот „Ролан Гарос“

Следно

Кацарска: Петков испорачува исти барања како претходниците, само на поумерен начин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian