Иван Тричковски блескаше во дресот на АЕК Ларнака, беше најдобар стрелец со 15 голови оваа сезона. На листата заврши пред финскиот интернационалец Берат Садик од Докса со 13 голови.
Петпати се запиша во листата на стрелците на меѓународната сцена, а уште 10 погодоци додаде во кипарскиот шампионат.
Поранешниот македонски репрезентативец на свечена церемонија ја доби наградата „Златна копачка“ за прв стрелец.
Потсетување дека Тричко (кој е дел од АЕК Ларнака од 2016 година) беше избран и во идеалниот тим на сезоната во најдобрата кипарска лига.
Ова е вторпат што Македонецот е добитник на „Златната копачка“ во Кипар, претходно тоа се случи во сезоната 2019/2020.