ФОТО | Илон Маск уловен во Сен Тропе со 23-години помладата девојка Наташа

2 mins read

Илон Маск беше уловен од папараци во друштво на неговата 23-години помлада девојка, австралиската актерка Наташа Басет, додека ужива на ручек во Сен Тропе, пишува „Daily Mail“.

Двојката била видена како вечера во хотелот „Шевал Блан“, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск (50) и Басет (27) се видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и сталожено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Парот потоа, рака под рака, излегол од скапиот ресторан.

Ова не е првпат Маск да биде виден во друштво на актерката. Тие првпат беа забележани заедно во февруари, додека се симнуваа од неговиот приватен авион во Лос Анџелес, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка.

Која е Наташа Басет?

Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува драмско училиште. Таа доби неколку улоги во телевизиски серии како „Hail! Caesar“ и го отелотвори ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот „Britney Ever After“.

Со глума се занимава од 14-годишна возраст, кога ја добила главната улога во претставата „Ромео и Јулија“. Актерката ќе може да ја гледаме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.

„Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и иако не му пречи да се знае за нивната врска, тој ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илон Маск“, велат пријателите.

ФОТО | „Илон Маск има нова девојка“: Која е 23-години помладата актерка која го освои неговото срце?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чилиќ го прегази Медведев, познати четвртфиналните двојки на „Ролан Гарос“

Следно

ФОТО: Тричковски ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Кипар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian