Чилиќ го прегази Медведев, познати четвртфиналните двојки на „Ролан Гарос“

1 min read

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ќе игра во четвртфиналето на овогодинешниот грен слем турнир „Ролан Гарос“ по одличната партија и победата со 3:0 во сетови 6:2, 6:3 и 6:2 против вториот носител Данил Медведев.

Ова беше четврти меч меѓу хрватскиот и рускиот тенисер и премиерна победа на Чилиќ, кој годинава продолжува со одлични игрите во Париз, Франција. Во досегашните четири победи тој загуби само еден сет против Унгарецот Мартон Фучович.

Во четвртфиналето Чилиќ ќе игра против седмиот носител Андреј Рубљов, кому Италијанецот Синер му го предаде мечот на почетокот од третиот сет и по 1:1 во сетови.

Чилиќ и Рубљев одиграа шест пати во кариерата, Русинот има предност од 4-2, а Чилиќ победи на последниот меч. Тоа се случи на почетокот на годинава на „Австралија опен“ кога Хрватот славеше со 7:5, 7:6 (3), 3:6, 6:3.

Во женска конкуренција првата носителка Ига Швјонтек од Полска успеа после пресврт да ја елиминира Кинвен Женг (Кина) со 6:7 (5), 6:0 и 6:2.

„Ролан Гарос 2022“

Четвртфинале, двојки (мажи)

Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал
Александар Зверев – Карлос Алкараз

Каспер Руд – Холгер Руне
Андреј Рубљов – Марин Чилиќ

Четвртфинале, двојки (жени)

Ига Швјонтек – Џесика Пегула
Вероника Кудерметова – Дарија Касаткина

Мартина Тревизан – Лејла Фернандез
Коко Гоф – Слоан Стивенс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ се сретна со Абазовиќ: Важно е да соработуваме на патот кон ЕУ

Следно

ФОТО | Илон Маск уловен во Сен Тропе со 23-години помладата девојка Наташа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian