Електричар од босанскиот град Приједор, О.Ј., е осомничен дека од октомври 2020 година до мај годинава поставил 12 наменски уреди за ископ на криптовалути и седум уреди за напојување, со што предизвикал зголемена потрошувачка на електрична енергија за околу 10.000 евра.
Уредите се депонирани во Основниот суд во Приједор, соопшти Управата на полицијата во Приједор, според агенцијата СРНА.
Оваа полициска управа денеска до Окружното јавно обвинителство Приједор поднесе пријава против О.Ј. поради сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба или овластување во врска со кривичното дело злоупотреба на службената положба на одговорно лице.