БЕСА: Талат Џафери нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието

1 min read

Движењето Беса ќе ја поддржи интерпелацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе за претседателот на Собранието, Талат Џафери. Од оваа партија нагласуват дека Џафери нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието.

– Повеќе од јасно е дека по последните случувања во Собранието, особено по разрешувањето на пратеникот Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања, Талат Џафери нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе ја поддржат интерпелацијата, но најважно е мнозинството да сфати дека ги измами граѓаните на земјава и затоа треба да одиме што поскоро на предвремени парламентарни избори, изјавија од Беса за „Слободен печат“.

ВИДЕО: Инцидент во Собранието, Џафери ја заклучи салата и ги исклучи микрофоните

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Мајчината љубов е најсилна“: Кучка инстантно го утеши своето расплаканото кученце

Следно

Новата министерка за надворешни работи на Франција ја посети Буча

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian