Бенфика ја одреди цената за Нуњез и не може секој да ја плати

1 min read

Управата на Бенфика ја одреди сумата за која е подготвена да го пушти Дарвин Нуњез, таа изнесува 120 милиони евра која се очекува да одврати поголем дел од заинтересираните екипи.
Оваа сума е за 40 милиони поголема од таа што португалскиот тим ја бараше минатата недела.

Најголем интерес за 22-годишниот уругвајски репрезентативец пројавува Манчестер јунајтед, за цената се распрашувале и Атлетико Мадрид, Њукасл, Реал Мадрид и Арсенал.

Англиски „Атлетик“ објави дека новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, го сака токму Нуњез за нов напаѓач ѝ и порачал на управата токму фудбалерот на Бенфика да биде главен приоритет во летниот преоден рок.

Се очекува Јунајтед да има голема конкуренција во Реал Мадрид кој е во потрага по нов напаѓач откако беше изигран од Килијан Мбапе кој пак одлучи да остане во ПСЖ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанците повторно не избраа нов претседател

Следно

Ѕвездата од „Сексот и градот“ сподели ретка заедничка фотографија со нејзината сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian