Барселона повторно во проблеми, не може да ги регистрира новите засилувања

1 min read

Трансферот на дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен во Барселона привремено е стопиран поради финансиските проблеми во кои се наоѓа каталонскиот тим.

Планот на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да направи ремонт на екипата, наиде на проблеми бидејќи поради лошата финансиска ситуација во која се наоѓа клубот, не е во можност да ги регистрира Кристенсен и Франк Кеси, фудбалери кои на „Камп Ноу“ треба да пристигнат како слободни играчи.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона прво ќе мора да продаде дел од фудбалерите за да може да ги регистрира Кристенсен и Кеси.

Најновиот развој на настаните може да влијае и на евентуалните трансфери на Роберт Левандовски од Баерн Минхен и на Рафиња од Лидс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нобеловецот Кругман: Ако посакувате зголемување на европските инвестиции во Северна Македонија, инвестирајте во подобрувањето на патната инфраструктура

Следно

ВИДЕО | Бремената Сара Мејс и Димитар Атанасовски пливаа со ајкули во Турција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian