Анкета: Голем дел од Австријците се за укинување на функцијата претседател

1 min read

По неколку дена, откако претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен ја најави кандидатурата за втор мандат, една третина од граѓаните не сакаат да излезат на гласање, а една третина оценува оти функцијата шеф на државата е непотребна, покажуваат резултати од најновата анкета.

Според истражување за телевизијата АТВ, 37 отсто од Австријците се за укинување на функцијата претседател, додека за зачувување на функцијата се изјасниле 48 проценти од испитаниците. Најголем број од кои се за укинување на функцијата претседател се поддржувачите на Слободарската партија на Австрија (ФПО).

Додека анкетата на неделникот „Профил“ 46 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за Белен, а 23 проценти оти би гласале за друг кандидат.

Анкетите покажуваат дека 31 отсто од Австријците изјавиле дека не сакаат да излезат на претседателски избори.

За вториот мандат на претседателот Хајнц Фишер во 2010 година на гласање излегоа 53.6 отсто од граѓаните.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ковачевски: Носиме мерки за одржување на економскиот раст и во услови на најголема криза

Следно

38-годишна кумановка уапсена на скопскиот аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian